Top Sport

Динамо се „мајстори“ за трансфери – Олмо ќе го руши рекордот

Динамо Загреб е пред реализација на својот рекорден трансфер ова лето, јавува „Индекс“, откако 21-годишниот Шпанец Дани Олмо е подготвен за заминување за фантастични 25 милиони евра.

Фудбалерот од средниот ред е дел од славната школа на Барселона, „Ла масија“, но од својата 16-та година е во хрватскиот шампион, кој плати за него само 200.000 евра. Според „Индекс“ најзаинтересирани за трансфер се Милан, иако Олмо има договор со Динамо до 2021 година.

Досегашен рекордер на Динамо е Марко Пјаца, за кого пред две години Јувентус плати 23 милиони евра.

Scroll to Top