Top Sport

Фекир му донесе на Лион место во осминафиналето, Баерн со лудo реми во Амстердам (видео)

Францускиот Лион го обезбеди последното 16. место во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако во Украина успеа да обезбеди 1:1 реми против Шахтјор и така да го заземе второто место во групата Ф.

Последната вечер на Лига на шампиони оваа година не носеше многу возбудувања, бидејќи беа познати патниците од другите групи, и беше нејасен само распоредот, односно кој ќе го освои првото место во групата.

Само во Киев се играше за пласман и тоа во директен дуел на Шахтјор и Лион. Домаќините дојдоа во водство преку Мораеш во 22. минута, но Набил Фекир, еден од најбараните фудбалери на континентот, во 65. минута постигна фантастичен гол за Лион да му се приклучи на ПСЖ како втор француски тим во осминафиналето.

Бурно беше и во Амстердам, каде што се судрија поранешните европски шампиони Ајакс и Баерн во битка за првото место во групата Е. На Ајакс му беше потребна победа, додека Баерн и со реми го гарантираше првото место.

Роберт Левандовски ги донесе во водство Баварците рано, но Ајакс се врати со двата гола на Душан Тадиќ за 2:1 водство, пред да се случи уште еден пресврт во последните четири минути – Левандовски и Коман донесоа 2:3 водство на гостите. Тука „лудиот“ меч не заврши – Ајакс во 95. минута

Во групата Х, Јувентус загуби со 2:1 на гостувањето кај Јанг Бојс, додека Манчестер јунајтед не успеа да го искористи тоа за да го освои првото место, откако во хаотичен меч во кој имаа невидени утки и автогол, загуби со 2:1 од Валенсија на „Месталја“.

ОСМИНАФИНАЛИСТИ ВО ЛШ: Ајакс (Хол), Атлетико Мадрид (Шпа), Реал Мадрид (Шпа), Баерн Минхен (Гер), Борусија Дортмунд (Гер), Шалке (Гер), Јувентус (Ита), Рома (Ита), Ливерпул (Анг), Манчестер сити (Анг), Манчестер јунајтед (Анг), Тотенхем (Анг), Пари Сен-Жермен (Фра), Лион (Фра), Порто (Пор).

Фото: ЕПА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА Е

Ајакс – Баерн Минхен 3:3

Бенфика – АЕК Атина 1:0

Табела: 1.Баерн М. 14, 2.Ајакс 12, 3.Бенфика 8, 4.АЕК 0

ГРУПА Ф

Манчестер сити – Хофенхајм 2:1

Шахтјор – Лион 1:1

Табела: 1.Манчестер С. 13, 2.Лион 8, 3.Шахтјор 6.Хофенхајм 3

ГРУПА Х

Валенсија – Манчестер јунајтед 2:1

Јанг бојс – Јувентус 2:2

Табела: 1.Јувентус 13, 2.Манчестер Ј 10, 3.Валенсија 8, 4.Јанг бојс 2

Scroll to Top