Top Sport

Фекир во јануари ќе го напушти Лион

Набил Фекир, капитенот на Олимпик Лион, во јануарскиот преоден рок веројатно ќе го напушти клубот. Светскиот првак со Франција, минатото лето беше актуелен со преселбата во Ливерпул, но трансферот вреден 70 милиони евра, пропадна во последен момент.

Според информациите од Ливерпул, Фекир, имал проблеми со коленото, но од Лион тврдеа дека со таа информација „црвените“ само се обидувале да ја спуштат цената. Поради тоа претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Ола, не го одобрил трансферот.

Како се наближува зимскиот преоден рок, Фекир е повторно актуелен, но сега неговото име се поврзува со два клуба. Наводно за него сериозно биле заинтересирани Челси и Баерн Минхен.

Лион немаат намера да го пуштат својот капитен за помалку од 60 милиони евра, а сумата може да биде и поголема поради бонусите кои низ клаузули се вметнуваат во договорите на фудбалерите.

Целата своја кариера Фекир ја минува во Лион, на 163 натпревари има постигнато 61 гол.

Scroll to Top