Top Sport

Нејмар – фудбалер со 35 спонзорски договори

Бразилецот Нејмар, најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, максимално го наплаќа својот талент и маркетиншкиот потенцијал.

Нејмар е најскапиот фудбалер во историјата, ПСЖ за него на Барселона и плати 222 милиони евра, а еднакво е успешен и кога се работи за спонзорските договори. Се проценува дека во моментов има богатство од 170 милиони евра.

Кога ќе се погледне бројот на брендови што ги рекламира Нејмар оваа сума ќе расте и наредната година. Тој неодамна стана глобален амбасадор на Националната банка на Катар. Финансиските детали од овој договор се уште не се објавени.

Нејмар има договори со 35 различни брендови, кои на годишно ниво му носат 16 милиони евра.

Scroll to Top