Top Sport

Фелаини: Англичаните сакаат да ме претстават како злосторник

Маруан Фелаини смета дека англискиот фудбал нефер направил слика за него како за „злосторник и убиец“, уште еднаш зголемувајќи ги шпекулациите за заминување од Манчестер јунајтед.

Договорот на белгискиот играч од средниот ред со Јунајтед завршува на крајот на сезоната, и тој неодамна призна дека чека или подобра понуда од „ѓаволите“ или ќе ја прифати понудата на турскиот Бешикташ.

Оценката за квалитетите на 30-годишниот Фелаини се поделени меѓу фановите на Јунајтед, додека неговиот необичен стил на игра и борбеност му донесоа епитет на „цврст“ играч. Во интервју за белгискиот магазин „Хумо“ тој вели дека тоа не е фер.

„Ме претставуваат како агресивен играч, како убиец. Да, јас играм со страст и тој што најмногу ја сака победата стигнува до неа. Но, не сум злосторник. Што да правам ако ме влечат за коса? Тоа звучи како шега, но навистина боли. Минатата сезона добив црвен картон за удар со глава над Агуеро во дербито со Сити. Тој дојде до мене и потоа падна, но јас добив црвен. Се обидуваат да ме провоцираат, но знаете колку жолти картони имав минатата сезона? Четири во 45 меча. Никогаш не сум уништил нечија кариера“, вели Фелаини.

Сепак, тој вели дека научил да се „носи“ со критиките по трансферот во 2013 во ерата на Дејвид Мојс, по што остана и под Луис ван Гал и Жозе Мурињо.

„Немам што да докажувам, во Англија и во Белгија. Може да критикуваат колку што сакаат, но тоа не ме допира. До таа прва сезона во Манчестер не бев под притисок. Што ми е грижа што има таму некој стар играч да каже? Неговото време е завршено. Фудбалскиот свет е полн со дволичност“, вели Фелаини.

Scroll to Top