Првите фаворити на Мундијалот во Русија патуваат дома. Бразил загуби со 2:1 од инспирираната Белгија во петокот навечер во Казан, во меч во кој Нејмар беше целосно неутрализиран, иронично од фудбалер кој не е многу ценет кај љубителите на фудбалот – Маруан Фелаини.
Нејмар беше целосно неефективен против Белгија, и иако не беше најлошиот фудбалер на мечот кај Бразилците, не придонесе многу на својата репрезентација. Кога ќе ја имаше топката, тој трчаше меѓу повеќе противници барајќи контакт, кој не го добиваше често. 26-годишниот најскап фудбалер на светот дојде во Русија по неколку месеци во аут по скршеницата на стапалото, и не играше најдобро против Швајцарија и Костарика, иако беше многу подобар против Србија.
Тешко е да се чувствува симпатии кон Нејмар без разлика на квалитетите. Тој секако, е брилијантен фудбалер, но во Русија ќе биде повеќе запаметен за неговите спектакуларни паѓања и обиди да извлече фаул или пенал.
Marouane Fellaini’s game by numbers vs. Brazil:
7 aerial duels won
4 blocks
3 clearances
3 tackles won??? pic.twitter.com/U3cAkbnFN7
— Statman Dave (@StatmanDave) July 6, 2018
Фелаини од другата страна е целосно различен фудбалер од Нејмар. Тој нема ниту дел од талентот на Нејмар, но против Бразил покажа како треба да се игра тимска игра и зошто Манчестер јунајтед решија да му дадат нов договор.
Секако, главните креатори на играта на Белгија се Еден Азар и Кевин де Бројне со својот неверојатен талент со топката, како и „булдожерот“ Ромелу Лукаку, но Фелаини беше тој кој беше „моторот“ на победата.
Пред мечот, белгискиот селектор Роберто Мартинез изјави дека нема тренер кој не би го посакал Маруан Фелаини во тимот, и колку да звучеше тоа комично, на овој натпревар се покажа колку се важни „работниците“ во фудбалот, а не само „магионичарите“ со топката.
Ништо од Бразил! Белгиските „ѓаволи“ во полуфинале со Франција!
Фото: ЕПА