Top Sport

Златан и Бекам во бизарна кладба пред Шведска-Англија

Златан Ибрахимовиќ посака да направи бизарна кладба со својот поранешен клупски колега од ПСЖ, Дејвид Бекам пред дуелот на шведската и англиската репрезентација во четврт-финалето на Светското првенство.

36-годишниот фудбалер на Лос Анџелес галакси (каде што играше и Бекам), се надеваше дека ќе биде поканет во шведската репрезентација иако се пензионираше по Евро 2016, но на крајот мора да го следи „походот“ на „трите круни“ од далеку и да биде само навивач.

Кладбата е следна – ако Англија победи, тогаш Дејвид Бекам, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид може да избере кој ресторан го сака на целиот свет да добие вечера од Златан. Ако изгуби? Златан сака Бекам да му купи што тој ќе посака од „ИКЕА“, славниот шведски синџир за мебел. Што точно би посакал тој од таму, или се работи само за патриотски чин, останува нејасно.

Scroll to Top