Маруан Фелаини за 12 милиони евра од Манчестер Јунајтед се пресели во Шандонг. Белгиецот е еден од оние играчи што решија да ги прифата богатите финансиски услови што ги нудат кинеските клубови.
Фелаини потпишал три годишен договор, вреден 10 милиони евра по сезона. Во Манчестер Јунајтед Фелаини мина пет и пол години, одиграл 177 натпревари на кои забележал 22 гола и 12 асистенции.
Сезонава постигнал два гола на 21 натпревар.
Минатото лето тој со Белгија го освои третото место на Светското првенство. Фелаини во кариерата играл за Стандард од Лиеж и Евертон.