Манчестер јунајтед уште се надеваат дека ќе го убедат Маруан Фелаини да потпише нов договор пред крајот на сезоната и нема да размислуваат да го продадат во јануари и покрај тоа што Белгиецот го одби понудениот „подобрен“ договор.
Договорот на Фелаини завршува во јуни и 29-годишниот играч од средниот ред може да биде достапен за трансфер уште на 1 јануари. Тој дојде во Јунајтед во летото 2013 година, и под Жозе Мурињо добива сè повеќе шанси да биде во стртниот тим за разлика од претходниот Луис ван Гал. Вкупно, 56 од 142-та настапи на Фелаини за Јунајтед дојдоа во последните 15 месеци, а самиот Мурињо честопати го бранеше од критичарите.
Неодамна, турските медиуми шпекулираа дека тој веќе е во Истанбул и преговара за трансфер во еден од турските гиганти, но на крајот тоа не беше Фелаини, туку неговиот брат близнак Мансур.