Top Sport

Клоп заврши во болница, но сè е ОК

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп заминал во болница откако му се слошило во средата, пропуштајќи еден тренинг на тимот, но по прегледите било проценето дека тој уште вечерта ќе се врати дома.

„Клоп е на прегледи и нема да биде присутен на тренингот во средата. Нема планови Јирген да остане во болница, и тој се враќа дома оваа вечер, иако можеби ќе треба да оди на прегледи во лседните денови. Клубот бара да се почитува приватноста на Клоп, неговото семејство и другите пациенти во болницата“, се вели во соопштението на Ливерпул.

Ливерпул во сабота ги пречекуваат Саутемптон на „Енфилд“.

Scroll to Top