Играчот на Шандонг Луненг, Маруан Фелаини, објавил дека повеќе нама да игра за репрезентацијата на Белгија.
Фелаини (31) за Белгија одиграл 87 натпревари и постигнал 18 гола. Со националниот тим го освои третото место на Светскоот првенство во Русија.
„Играв 12 години за Белгија на највисоко нив, сега решив дека е време да ја завршам кариерата во националниот тим. Донесов тешка одлука, но мислам дека најдобро е во овој момент да завршам со репрезентативната кариера и да ѝ дозволам на следната генерација Белгијци да го продолжат овој многу успешен период во историјата на белгискиот фудбал“, напишал Фелаини на „Твитер“.
Поранешниот играч на Стандард, Евертон и Манчестер Јунајтед, во јануари се пресели во Кина. Во Шандонг тој годишно заработува 18 милиони евра.