Top Sport

Фелер: Челси нема да добијат КОВИД-попуст за Хаверц

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер ги предупреди Челси да „заборават“ на попуст ако сакаат да го добијат Каи Хаверц ова лето и да ги исполнат нивните барања.

21-годишниот Хаверц цело лето е поврзуван со трансфер на „Стемфорд бриџ“, и се верува дека самиот фудбалер сака трансферот да се оствари, но Челси не сака да ги даде побаруваните 90 милиони фунти и сака „попуст“ од 20 милиони фунти. Фелер вели дека секој клуб кој го сака талентот мора да ја плати „вистинската“ цена.

„Немаме договор да го продадеме, но со неговиот талент е јасно дека е на листата на сите големи клубови. Знаеме дека два клуба се заинтересирани, посебно Челси, но за нас ситуацијата е многу едноставна – тој има двегодишен договор и ако некој сака да го купи треба да ја понуди вистинската цена, бидејќи во спротивност тој ќе остане барем уште една сезона со нас. За уметник со топката како него, нема КОВИД-попуст“, вели Фелер во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top