Top Sport

Завршува пеколот за Роналдињо, се враќа дома во Бразил?

Бразилските медиуми тврдат дека на фудбалската мега-ѕвезда Роналдињо, во понеделник конечно ќе му биде дозволено да се врати во Бразил по петмесечниот пекол во парагвајскиот затвор и куќниот притвор.

Поранешниот фудбалер на Барса и Милан добива шанса да плати 80.000 евра казна за скандалот со влегување во Парагвај со фалсификуван пасош заедно со неговиот брат Роберто де Асис Мореира, и двајцата би добиле двегодишна условна казна затвор. Двајцата би прифатиле да се изјаснат како виновни за влегување во земјата со фалсификуван пасош со таканаречен „салида процес“.

40-годишниот Роналдињо беше уапсен во март и помина еден месец во затвор, пред да му биде дозволено да биде во куќен притвор во елитниот хотел „Палморога“ во престолнината на Парагвај Асунсион. Се верува дека Бразилецот во Парагвај сакал да отвори легална коцкарница, откако во Бразил коцкањето е забрането.

Парагвајскиот весник „АБЦ колор“ тврди дека судијата Густаво Амарилја се согласил за вакво решение на случајот, бидејќи ако адвокатите на Роналдињо го одбијат предлогот, тогаш ги чека двегодишна затворска казна.

Scroll to Top