Top Sport

Феликс им се извинил на соиграчите: Сакам да играм

Кариерата на Жоао Феликс е на крстопат. Португалецот е веројатно најголемото разочарување во модерниот фудбал. Атлетико за него плати 126 милиони евра во 2019 година, но тој само на моменти го покажуваше неспорниот талент.

Жоао Феликс се врати во Атлетико, откако Барселона реши да не го откупи неговиот договор. Пред Барселона, Португалецот шест месеци беше на позајмица во Челси.

Феликс не е во добри односи со тренерот Диего Симеоне, но и со соиграчите, а навивачите го гледаат како предвник.

Гневот го навлече кога го слевеше голот против Атлетико на „Монжуик“ со кој Барселона победи со 1:0.

Португалецот, откако му заврши позајмицата се врати во Атлетико. Неколку денови тренираше сам, но потоа доби повик од Симеоне да му се приклучи на првиот тим.

Во саботата го започна пријателскиот натпревар против Хетафе и постигна гол. Но прашање е дали ќе остане на „Метрополитано“.

Според шпанските медиуми подготвен е да се бори за место во тимот, а исто така застанал пред соиграчите и им се извинил за она то се случи минатата сезона.

Ако остане во Атлетико ќе му биде многу тешко да ја врати довербата кај навивачите.

Жоао Феликс на 131 одигран натпревар за „Јорганџије“ постигна 34 гола и забележа 18 асистенции.

Scroll to Top