Напаѓачот на Атлетико Мадрид Жоао Феликс ќе буде подготвен за четврт-финалниот натпревар против Лајпциг во Лигата на шампионите на 13 август.
Младиот португалски фудбалер се рехабилитира од повредата на скочниот зглоб. Тој од неделата почнал нормално да тренира, но тренерот Диего Симеоне постепено ќе му ги зголемува напорите за да биде целосно подготвен за еден од најважните натпревари за Атлетико оваа сезона.
Она што го загрижува предводникот на „јорганџиите“ е повредата на Томас Парти. Репрезентативецот на Гана се повреди на последниот меч во Ла Лига против Реал Сосиедад.
Парти го повреди мускулот и се уште работи индивидуално. Во Атлетико се оптимисти дека и тој ќе биде подготвен за дуелот со германскиот тим.