Top Sport

Педро успешно опериран

Фудбалерот на Челси Педро соопштил дека му била извршена операција на рамото. Шпанецот се повреди во последната минута во финалето на ФА купот против Арсенал. Челси остана без трофејот по поразот од 2:1.

„Операцијата мина добро, многу бргу ќе се вратам. Жал ми е што не го освоивме ФА купот. Во благодарам на поддршката“, порачал поранешниот фудбалер на Барселона.

Педро во финалето го замени Кристијан Пулишиќ кој исто така поради повреда пред време го заврши натпреварот.

Инаку овој крилен напаѓач во предниот рок во слободен траснфер ќе го напушти Челси. Наводно тој договорил соработак со Рома.

Scroll to Top