Top Sport

Феликс Нмеча стана „милионер“

Борусија Дортмунд го ангажираше играчот за врска Феликс Нмеча од Волфсбург. Според медиумите во Германија, зделката е вредна 30 милиони евра со бонуси. Договорот на германскиот репрезентативец е до летото 2028 година.

Играчот од средниот ред ќе игра во дресот со број „8“ во „жолто-црниот дрес“.

„Борусија Дортмунд е голем клуб што го следев уште од дете. Возбуден сум што сега ќе бидам дел од него и ќе му помогнам на тимот да ги постигне своите цели во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите. Се надевам дека фановите ќе ми дадат можност да ги запознаам“, изјави Нмеча.

Минатата сезона играчот од средниот ред одигра 32 натпревари на кои постигна три гола и направи шест асистенции.

 

Scroll to Top