Top Sport

Сари: Потешко се стигнува до финалето од Англискиот лига куп отколку до финале на ЛШ

Маурицио Сари е навистина посебен тренер. Неговиот стил на игра, „сари-бол“ како што го нарекуваат во Англија или „саризмо“ во Италија има многу поддржувачи, но и многу луѓе ко иго презираат.

Но, и неговите најголеми фанови ќе се согласат дека неговата последна изјава е збунувачка – тој тврди дека е потешко да се стигне до финалето на англискиот Карабао куп, отколку до финалето на Лигата на шампионите. „Сините“ уште се во игра за топ 4 финиш и место во ЛШ следната сезона и пред мечот со Барнли, 60-годишниот Италијанец беше запрашан дали е полесно да се стигне до ЛШ преку Лига Европа или преку топ 4 пласман во Премиер лигата.

„Премиер лигата е навистина тешка. Да стигнеме до финалето на Лига купот моравме да играме со Ливерпул, Тотенхем и во финалето со Манчестер сити. Многу е полесно да се стигне до финалето на Лигата на шампионите“, вели Сари.

Тој не застанува тука и вели дека не сфаќа зошто се дава толку големо значење на играње во ЛШ.

„Мислам дека премногу се дава важност на Лигата на шампионите. Секако, тоа е најважното натпреварување за клубовите, но е натпреварување со директна елиминација, така што некогаш со среќа се квалификуваш или те елиминираат. Таму ти е потребна среќа“, вели Сари.

Scroll to Top