Фудбалерот на Вест Хем, Фелипе Андерсон, се враќа во Италија. Бразилецот детали го делат од Лацио, тврдат медиумите на Апенинскиот полуостров.
Фелипе Андерсон, пет години играше за Лацио (2013-2018). Во летниот преоден рок во 2018 година за 50 милиони евра се пресели во Вест Хем, каде не ги исполни очекувањата. Минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Порто. И во Португалија не се наигра, за Порто настапи на само девет натпревари.
Андресон, во Лацио ќе се врати како слободен играч, со услов Вест Хем да добие 50 отсто од обесштетувањето од наредниот трансфер на Бразилецот.