Top Sport

Фелипе ги „спаси“ Вардар од пораз против Шкендија

Во вториот меѓусебен меч во една недела, Вардар и Шкендија одиграа идентично 1:1, иако овојпат се работеше за меч од четврт-финалето на Купот на Македонија, кој беше одложуван поради европските настапи на Вардар.

За разлика од првиот меч во Тетово, на „Филип Втори“, Шкендија дојде во водство по 63. минути игра преку Бесарт Ибраими, пред Вардар да се спаси од пораз со гол од слободен удар на Хуан Фелипе, кој успеа да го надмудри Захов.

Патникот во полуфиналето на Купот ќе биде познат на 7 март, кога во Тетово се игра вториот меч.

ФОТО: ФК Вардар

Scroll to Top