Top Sport

Матеус:  Мурињо ги „гуши“ Погба и Санчез

Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус коментира дека тактиката на Жозе Мурињо спречува „вклопување“ во неговиот тим на двете најголеми ѕвезди, Пол Погба и Алексис Санчез.

Пред дуелот од Лигата на шампионите против Севилја, Јунајтед „брка“ постојана форма, а во Премиер лигата ги очекуваат дуели против Челси и Ливерпул. Погба беше на „столбот на срамот“ во последните мечеви, по конфликтот со Мурињо, додека Санчез веќе двапати беше поразен од трансферот од Арсенал во јануари.

Матеус во својата колумна за „Сан“, вели дека мора да се смени пристапот во клубот.

„Проблемот на Жозе Мурињо е во бирањето на играчи кои се вклопуваат во системот и во моментов немам чувство дека играчите се чувствуваат удобно во моментов. Погба мора да игра во тимот заедно со Санчез, но изгледа дека не треба да се на истата страна на теренот. Ако се воведе 4-3-3 формација, ќе има покомпактна игра и подобар напад“, оценува Матеус.

Scroll to Top