Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис, три недели ќе отсуствува од тимот поради повредата на препоните. Бразлецот се повреди во саботата на натпреварот во Ваљадолид, кој му припадна на Атлетико (2:3).
Прегледот направен со магнетна резонанца покажал дека 33-годишниот лев бек ги повредил препоните, што значи дека ќе го пропушти последниот натпревар на Атлетико во оваа година (против Еспањол), но и првиот во 2019 година (гостувањето во Севилја на 6.јануари).
Иако клубот не соопшти колкава пауза го очекува Фелипе Луис, медиумите пренесуваат дека тој во тимот ќе се врати на 9.јануари, кога Атлетико ќе гостува кај Џирона, во првиот осмина-финален меч во Купот на Кралот.
Повредата на Бразилецот само ги зголеми проблемите на тренерот Диего Симеоне, бидејќи и вториот ле бек, францускиот репрезентативец Лукас Хернандез е повреден. Покрај овие двајца поради повреди од тимот на Атлетико се отсутни Диего Коста и Хосе Марија Хименез.
Фелипе Луис од почетокот на сезоната настапи на 13 натпревари во Ла Лига и има постигнато два гола.