Top Sport

Харден го стиша џезот, Лилард 22 поени за четвртина, Букер ги уништи Никс (Видео)

На терените во НБА лигата, изминатата ноќ, се одиграа осум натпревари на кои тимовите кои играа на домашен терен забележаа пет победи. Индивидуално блескаа Џејмс Харден, Девин Букер, Расел Вестбрук, Блејк Грифин, Јанис Адетокумбо, Демијан Лилард, Девин Херис…

Хјустон во драматичен меч славеа над Јута 102:97 и за прв пат од стартот на сезоната стигнаа до позитивен скор 15 победи и 14 порази. Џејмс Харден го реши мечот со две тројки во самиот финиш. „Брдата“ натпреварот го заврши со 47 поени, шест скока и пет асистенции.

Портланд Трејлблејзерс слева во Лос Анџелес кај Клиперси 131:127. Клучен човек за победата беше Демијан Лилард кој постигна 39 поени, 22 од нив тој постигнал во второто полувреме. Покрај Лилард се истакнаа уште и Си-Џеј Мекалум со 27 поени, односно Јусуф Нукриќ со 20 поени.

На спротивната страна најдобар учинок имаше Девин Херис кој уфрли 39 поени.

Феникс Санс победија во Њујорк 128:110 и го запишаа третиот триумф во низа. Санс имаат девет победи и 23 порази. Девин Букер го предводеше својот тим со 38 поени, а ти-Џеј Ворен забележа 26 поени.

Драматичен меч одиграа Детроит Пистонс и Милвоки Бакс. Блејк Грифин во финишот промаши два пати за три поени, поради што Милвоки славеа 104:107. Грифин го забележа првиот трипл-дабл во сезоната (19 поени, 10 скока и 11 асистенции). „Фрик Грик“ Адетокумбо ги предводеше Бакс со 32 поени, 12 скока и пет асистенции.

Оклахома Тандер според очекувањата убедливо ги поразија Чикаго Булс 121:96. Расел Вестбрук стигна до 111. трипл-дабл во кариерата (13 поени, 16 скока, 11 асистенции). Рас беше дел од инцидентот откако влезе во еден дуел со Крис Дан.

Голден стејт Вориорс лесно се справија со Мемфис Гризлис 110:93. На овој натпревар Стеф Кари ја мина границата од 15.000 поени во кариерата. Кари забележа 20 поени и седум скока.

Scroll to Top