Левиот бек на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис, смета дека Кристијано Роналдо не ја заслужил престижната награда „Златна топка“, која му се доделува на најдобриот фудбалер во изминатата година.
„Кристијано Роналдо во изминатите два месеци не направи апсолутно ништо на фудбалскиот терен. Мислам дека наградата не замина во вистински раце“, рекол Бразилецот и дополнил дека негов избор би бил Лионел Меси.
„Му се восхитувам на Меси. Сум играл многу натпревари против него и никогаш не се жалел без причина. Од друга страна Роналдо секогаш прави театар“, заклучил Фелипе Луис.