Атлетико Мадрид го реализираа првиот трансфер во летниот преоден рок. Клубот потврдија дека нов играч е Фелипе Монтеиро (30). Бразилецот минатите три сезони го носеше дресот на Порто.
Фелипе Монтеиро за Порто настапил на 142 натпревари, на кои постигнал 11 гола. Пред две години интерес за Бразилецот имаше кај Реал Мадрид, меѓутоа тогаш Порто за овој играч бараа 50 милиони евра.
Фелипе Монтеиро на „Ванда Метрополитано“ доаѓа како замена за легендата на клубот Диего Годин. Атлетико за овој трансфер на Порто ќе му платат 20 милиони евра. Монтеиро ќе потпише три годишен договор со Атлетико, а на новите соиграчи ќе им се приклучи на 4 јули.
Наскоро Атлетико треба да ги заврши и деталите на уште еден играч на Порто. Капитенот на португалскиот тим Ектор Ерера ќе се пресели во Мадрид како слободен играч.
Agreement with @FCPorto over Felipe, pending International Transfer Certificate (ITC). The centre-back is to join on July 4 for the next three seasons.
➡ https://t.co/xovSB4txLH#AúpaAtleti pic.twitter.com/ZiKOXKqjj8— Atlético de Madrid (@atletienglish) May 28, 2019