Top Sport

Фенер и Бешкиташ со бурно реми во истанбулското дерби

Фенербахче и Бешикташ одиграа возбудливо 2:2 реми во истанбулското дерби, резултат кој дефинитивно не им одговара на двете екипи и ги остава далеку од врвот на Турската Суперлига.

Месут Озил ги донесе Фенер во водство во 14. минута со прецизен гол од пенал по игра со рака во шестнаесетникот на гостите, но само девет минути подоцна Бразилецот Жозеф израмни за Бешикташ. Мергим Бериша ги врати Фенербахче во предност во 30. минута, пред Жозеф повторно да стрела во 59. минута.

Фенербахче се на петтото место на табелата со 28 поени, дури 14 зад лидерот Трабзонспор, додека Бешикташ сега се деветти со 25 поени, дури 18 од првото место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top