Последниот натпревар од шестото коло во турската Суперлига беше лутото градско дерби меѓу Фенербахче на нашиот Елиф Елмас и Бешикташ, кое заврши израмнето 1:1.
Рајан Бабел го постигна првиот гол на мечот, носејќи им водство на Бешикташ во 40-тата минута од мечот, а израмнувачкиот гол беше дело на Андре Ају во 70-тата минута. Елмас влезе во игра во 54. минута од мечот.
По ремито, Бешикташ е на четвртото место на табелата со 11 поени, додека Фенер по слабиот старт е само 13-ти со 7 поени.
Фото: ЕПА