Top Sport

Фенербахче го отпушти Переира

Фудбалскиот клуб Фенербахче му врачи отказ на тренерот Витор Переира. Фенер, испадна до Лига Европа, сезоната ќе ја продолжи во Конференциската лига, а во домашното првенство се наоѓа на петтото место со 14 поени помалку од лидерот Трабзон.

Перерира неуспешно го заврши вториот мандата на клупата на овој великан на турскиот фудбал. Во првиот мандат, во сезоната 2015/16, Фенер со Переира сезоната ја заврши на второто место.

Фенербахче долго време ја чека шампионската титула во Турција, последен пат жолто-сините, ја освоиле Суперлигата во 2014 година.

Клубот деновиве ќе соопшти кој ќе биде наследникот на Переира.

Scroll to Top