Top Sport

Јенс Леман стана помошник тренер во Аугзбург

Поранешниот германски репрезентативен голман и легенда на Арсенал, Јенс Леман стана помошник тренер на бундеслигашот Аугзбург.

Леман по пензионирањето беше дел од тимот на Арсен Венгер, но си замина на крајот на минатата сезона откако „топчиите“ го ангажираа Унаи Емери. Сега, тој ќе работи заедно со Тобијас Целнер, Михаел Вимер и Јонас Шојерман како помошник на главниот тренер Мануел Баум.

„Аугзбург направија огромен прогрес во последните неколку години. За мене ова е одлична шанса да работам како помошник тренер во Бундеслигата, и да помогнам фудбалерите да го остварат својот потенцијал“, вели Леман.

Аугзбург е на 15. место во Бундеслигата со лоша низа – 3 ремија и 7 порази во последните 10 меча.

Scroll to Top