Top Sport

Фенербахче му го раскинува договорот на Месут Озил?

Тоа што требаше да претставува враќање од соништата, на крајот се претвори во кошмар, откако Фенербахче му го раскина договорот на Месут Озил, откако четири месеци тој беше „зармзнат“ во клубот по конфликтите со тренерите и управата на клубот, јавуваат турските медиуми. Шпекулациите велат дека 33-годишниот поранешен германски репрезентативец со турско потекло, сака да остане во Турската Суперлига со Истанбул Башакшехир.

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал, немаше настап за Фенер од 20 март, откако преодниот тренер Исмаил Картал го исфрли од тимот поради лоша физичка подготвеност. Ниту кога славниот Жорге Жесус беше именуван за постојан тренер на клубот од Истанбул ситуацијата не се смени, и сега според „НТВСпор“, клубот и фудбалерот се решиле за крај на соработката.

Озил замина со горчина во устата и од својот претходен клуб, по конфликтот со тренерот Микел Артета, пред „топчиите“ да му дозволат да си замине во јануари 2021 година.

Scroll to Top