Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ е нов фудбалер на Фенербахче. Турскиот гигант успеа да ја добие битката со саудиските клубови за неговиот потпис.
Тадиќ спогодбено го раскина договорот со Ајакс и одлучи да замине од Амстердам. Се реши да ја продолжи кариерата во гигантот од Истанбул.
Тадиќ ќе има одличен партнер во нападот на Фенербахче во Един Џеко. Потпиша двегодишен договор.