Top Sport

Педри е како „булдог“

Играчот од средниот ред на Барселона, Педри, се појави како „булдог“ на првиот тренинг на тимот за новата сезона, пишува каталонското издание „Спорт“. Тој со напорна работа во теретана, ја зголемил мускулната маса за седум килограми.

Ова се споредува со моментот кога пристигна на „Камп Ноу“ пред точно три години. Тогаш шпанскиот репрезентативец тежеше 60 килограми и е висок 174 сантиметри.

„Спорт“ додава дека за време на изминатиот летен одмор, 20-годишниот Педри редовно посетувал фитнес центар и држел строга диета.

Генерално, планот е играчот од средниот ред да не надмине 70 килограми тежина, бидејќи тоа веќе би наштетило на неговата игра во однос на брзината, рамнотежата и дриблингот.

Scroll to Top