Top Sport

Лампард до крајот на денот ќе добие отказ?

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, во текот на денот ќе добие отказ, тврдат англиските медиуми. „Телеграф“, објави дека клупските челници му порачале денес да не доаѓа во тренинг центарот.

Челниците на Челси биле разочарани од резултатите на тимот под водство на Лампард, а од отказ нема да го спаси ниту победата над Лутон (3:1), во четвртата рунда, во ФА купот.

Медиумите во Англија, пишуваат дека на клупата на Челси бо можеле да седнат Томас Тухел или Масимилијано Алегри.

Поголеми шанси, наводно има Тухел, бидејќи во тимот на Челси од оваа сезона има тројца германски репрезентативци (Антонио Ридогер, Тимо Вернер и Каи Хаверц).

Лампард стана тренер на Челси во 2019 година. Минатата сезона вон сите прогнози успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Во летниот преоден рок, Челси, вложија 250 милиони евра во засилувања, но по 19 рунди во Премиер лигата, тимот се наоѓа на деветтото место на табелата.

Scroll to Top