Top Sport

„Фенерџијата“ Еспањол падна во Гранада (Видео)

Фудбалерите на Гранада ставија крај на низата од два порази со победата од 2:1 над Еспањол во првиот меч од 22 коло, во Ла Лига.

Гостите од Барселона доминираа на овој натпревар, упатија 21 удар кон голот на домаќините, но само еден заврши во мрежата. Раул Де Томас постигна гол од пенал во 27 минута.

Предноста гостите ја имаа во наредните 11 минути кога резултатот го израмни Давид Мачис.

До целосен пресврт Гранда дојде на стартот на второто полувреме кога соло-акцијата со гол ја заврши Карлос Фернандес.

До крајот на мечот фудбалерите на Еспањол не реализираа неколку добри шанси за постигнување на гол.

Гранада е 10 во лигата со 30 поени, додека Еспањол се последни со само 15 поени.

Scroll to Top