Top Sport

„Фенерџијата“ Шефилд ги собра „карамелите“ сред Ливерпул

Иако од поодамна Шефилд Јунајтед е практично со мислите во Чемпионшим, денеска ги собра сите три бода на гостувањето кај осмопласираниот Евертон предводен од Карло Анчелоти.

Иако популарните „карамели“ со денешен триумф ќе останеа со шанса за пласман во некој од европските купови во новата сезона, сепак Шефилд минимално со 1-0 славеше на „Гудисон парк“.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Јебисон рано, уште во 7. минута од мечот.

Попусто што статистиката беше на страна на домашните кога од 6 удари кон колот на гостите, ниту еден не заврши во мрежата.

Пред последното коло Евертон има 56 бода, 3 помалку од Вест Хем кој е со 59 и засега има пласман во Конференциската лига на Европа.

Scroll to Top