Top Sport

АБА лига: Звезда поведе во финалната серија со Будуќност

Белградска Црвена Звезда го победи тимот на Будуќност од Подгорица со 82-78 во салата „Александар Николиќ“ и поведе со 1-0 во финалната серија на АБА лигата.

„Црвено-белите“ заслужено стигнаа до триумфот ако се знае дека имаа целосна контрола врз резултатот во текот на целиот меч.

Кај победничката екипа се истакна Добриќ со 23 поени, а ист учинок имаше и Лојд, додека Давидовац броеше до 12.

Кај Будуќност најпрецизен беше центарот Вили Рид со 26 поени, а Никола Ивановиќ постигна 16 поени.

Следниот меч од серијата прв до 3 победи се игра во вторник повторно во Белград.

Scroll to Top