На почетокот на светиот муслимански месец Рамазан, трговците во Египет откриваат дека фенерите со ликот на Мохамед Салах се најпродавани оваа година.
Фантастичната сезона на генијот на Ливерпул, Салах оваа сезона, го направи скромниот Египќанец вистинска мега-ѕвезда, а тоа што успеа да ги однесе Египет на Светското првенство во Русија уште повеќе му го запечати овој статус во африканската нација. Салах, покрај тоа, е познат по своето големо срце, помагајќи финансиски во многу проекти за помош на најсиромашните.
Фенерите, кои во Египет се користат за декорација на улиците, влезовите на домовите и како подарок за децата, а тие со ликот на Салах се апсолутен хит оваа година.
„Нема попродаван фенер оваа година. Мохамед Салах е вистински пример за сите Египќани во моментов. Цел Египет го сака Мо Салах, како што го нарекуваат во Англија“, изјави Есам, продавач во Саједа Заинаб квартот на Каиро за „Ројтерс“.