На денешен ден пред 24 години е постигнат еден од најспектакуларните голови во историјата на фудбалската игра.
Автор на ремек-делото н натпреварот одигран во Компостела е Луис Назарио де Лима Роналдо.
Бразилецот во дресот на Барселона „нанижа“ неколку играчи на Компостела кои го влечеа, тепаа…а откако го мина и измами и голманот постигна гол.
Во изминатите 24 години бевме сведоци на многу спектакуларни голови, но како ретко кој планетата ја воодушеви голот на напаѓачот познат и под прекарот „Феномен“.
Кога го постига тој гол Роналдо имаше 21 година и тоа му беше првата и за жал на навивачите на Барселона и последната сезона во клубот.
За Барселона одиграл 49 натпревари, постигнал 47 голови и забележал 12 асистенции.