Top Sport

„Гвардиола? Да не беше Меси немаше да ја освои ЛШ“

Пеп Гвардиола по заминувањето од Барселона никако не успеава да направи некој значаен резултат во Лигата на шампионите. Со Баерн три пати испаѓаше во полу-финалето, а со Манчестер сити не успеа да ја мине четврт-финалната фаза.

Не е мал број на оние кои сметаат дека во Барселона Лионел Меси бил факторот што Гвардиола два пати успеал да ја освои Лигата на шампионите.

Во едно интервју тоа го истакнал и поранешниот германски репрезентативец и тренер Феликс Магат.

„Меси ги освојуваше трофеите, не го освојуваше Гвардиола.Без него никогаш не може да функционира системот на Пеп. Доколку функционираше ќе ја освоеше Лигата на шампионите со Баерн и Манчестер сити“, рекол Магат и дополнил.

„Прво Баерн, а сега и Манчестер сити не го донесоа за да освојува домашни трофеи“.

Scroll to Top