Top Sport

Феноменот Мален донесе поен за ПСВ во дербито со Ајакс (видео)

ПСВ Ајндховен и Ајакс одиграа 1:1 во дербито на холандската Ередивизие, со што двата клуба ја продолжија „мртвата трка“ за првото место по шест кола во новата сезона.

Пред мечот, двата гиганти имаа по четири победи и едно реми, така што победникот ќе имаше шанса да „избега“ важни три поени во трката за трофејот.

Минатогодишните шампиони, Ајакс дојдоа во водство во 63. минута од мечот преку Квинси Промес, но Доњел Мален ја продолжи одличната голгетерска низа за во 78. минута да донезе израмнување на „Филипс стадионот“.

20-годишниот Мален, кого Арсенал го продадоа на ПСВ за 500.000 фунти, а оваа недела се појави вест дека се подготвени да дадат 50 милиони фунти за него, има постигнато гол во сите пет натпревари на ПСВ оваа сезона.

Ајакс е прв на табелата поради подобра гол-разлика со 14 поени, колку што има и ПСВ, додека трети се изненадувањето Витесе со ист број на поени, но со натпревар повеќе.

Scroll to Top