Top Sport

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да стигне до 32:27 (14:16) победа над португалскиот претставник за втор триумф во низа во овогодишната ЛШ за прво место во групата Б.

А почетокот на првиот меч пред домашната публика во Лигата на шампионите не ветуваше многу. Порто предводен од Мбенге и Бранкињо се држеше израмнето во првите 20 минути од мечот, за во лош финиш за вардарци да поведат со дури четири гола разлика (14:10), пред Вардар да намали на 16:14.

Но, во второто полувреме го видовме вистинскиот лик на шампионите. Во фуриозни 15 минути, „црвено-црните“ направија целосен пресврт и Вардар имаше водство од седум гола (27:20), пред рутински да се доведе мечот до крај.

Даинис Криштопанс постигна со седум гола, исто колку што постигна и Чупиќ, додека по пет имаа Дибиров и Шишкарев, додека Бранкињо постигна седум гола за гостите.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Алборг – ППД Загреб 30:20 (13:11)

Пари Сен-Жермен – Пик Сегед 19.00 ч.

Табела: 1.Флензбург 4, 2.Барселона 2, 3.Алборг 2, 4.ПСЖ 2, 5.Пик Сегед 2, 6.ППД Загреб 0, 7.Елверум 0, 8.Целје 0

ГРУПА Б

Вардар – Порто 32:27 (14:16)

Кјелце – Мотор 19.30 ч.

Табела:  1.Вардар 4, 2.Кил 3, 3.Веспрем 2, 4.Монпелје 2, 5.Порто 2,, 6.Кјелце 1, 7.Мешков Б. 0, 8.Мотор 0

ГРУПА Д

ГОГ – Чеховски медведи 38:31 (20:15)

Табела: 1.ГОГ 4, 2.Динамо Букурешт 3, 3.Висла Плоцк 2, 4.Чеховски м. 1, 5.Кадетен 1, 6.Кристијанштад 0

Фото: РК Вардар

Scroll to Top