Top Sport

Фер-плеј на дело (видео)

Од младинската турска лига и мечот меѓу Алтинорду и Баликеширспор Балток минатиот викенд доаѓа фантастичен пример на фер-плеј во фудбалот.

Дефанзивецот на Баликешир ја крена топката со раце во својот шестнаесетник мислејќи дека се работи за офсајд, по што судијата покажа на белата точка за игра со рака.

Барисчан Алтунбаш, фудбалерот на Алтинорду не сакаше да ја искористи оваа искрена грешка, и ја шутна топката во аут, покажувајќи дека не сите се подготвени да победат по секој случај. Честитки и за тимот на Алтинорду, кој целиот свој тим го базира на играчи од својата школа со цел влез во Супер лигата во 2019/20.

Scroll to Top