Top Sport

Ѓоковиќ: Ситуацијата со лактот е сериозна

Новак Ѓоковиќ ја истакнал повредата на лактот како клучна за елиминацијата во осмина-финалето на Авсстралија опен. Шесткратниот победник во Мелбурн со 3:0 по сетови загуби од Хјеонг Чунг од Јужна Кореја.

„Беше подобар играч на теренот. Честитки до него и неговиот тим на исклучително добрата партија. Беше како ѕид, му посакувам среќа“, рекол Ѓоковиќ.

Србинот во паузата помеѓу првиот и вториот сет побара медицински тајмаут. Повоторно во прашање беше лактот. Поради оваа повреда тој отсутвуваше шет месеци.

„Не е добро, почувствував болки кон крајот на првиот сет и морав да се носам со нив до крајот на мечот. Ситуацијата со мојот лакт е сериозна, се уште не знам дали ќе паузирамМорам повотрно да направам снимки, а потоа да се консултирам со лекарскиот и тренерскиот тим. Тогаш ќе одредиме што да правиме понатаму. Болката не беше силна за да морам да го прекинам мечот. Тоа само влијаеше врз мојот сервис, кој е важен дар особено против Чунг“, дополнил Србинот.

Scroll to Top