Top Sport

Феран Торес би можел да се пресели во ПСЖ

Напаѓачот на Барселона и шпанската репрезентација, Феран Торес, би можел да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен.

Откако Барселона го доведе Карим Адејеми од Борусија Дортмунд за само 22.000.000 евра + 7.000.000 преку бонуси и 35 отсто од следниот трансфер, Феран Торес сфати дека ова е уште еден знак дека треба да си замине, бидејќи претходно во клубот пристигна и Ентони Гордон од Њукасл.

Треба да се додаде дека Каталонците сè уште не се откажуваат од Хулијан Алварез, кого и Ханси Флик и спортскиот директор Деко го означија како приоритет за прв напаѓач.

Феран Торес е под договор до летото 2027 година, а Барселона се двоумеше дали да го обнови договорот, што е уште еден знак дека е време тој да си замине.

Во исто време, ПСЖ може да го искористи ова за да го доведе Шпанецот за „малку пари“, исто колку што Барселона плати за Адејеми.

Феран Торес би дошол на местото на Гонзало Рамош, кој се пресели во Милан.

Јасно е дека Торес нема да биде стандарден напаѓач дури ни во Париз, покрај триото Хвича-Дуе-Дембеле, но тој верува дека дополнително ќе се подобри под водство на Луис Енрике и дека ќе се бори за сите трофеи.

Исто така, биден фактор се и парите, бидејќи Феран Торес се согласи на пониска плата по пристигнувањето во Барса, а сега чека многу повисока плата во Париз.

Торес пристигна во Барселона во зимата 2022 година за 55.000.000 евра, одигра 207 натпревари за Каталонците со учинок од 65 гола и 23 асистенции.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');