Top Sport

Феран Торес го потопи Атлетико Мадрид

Барселона гo доби дербито против Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“ со 1:0 и повторно има двоцифрена бодовна предност на врвот на табелата во Ла Лига. Сега разликата во однос на Реал Мадрид изнесува 11 бода.

Човекот на одлука беше Феран Торес, кој успеа да ја погоди мрежата на јан Облак во 44.минута. По асистенцијата на Рафиња, крилниот напаѓач успеа да погоди на вистинското место и донесе голем триумф за каталонскиот клуб.

Scroll to Top