Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата во редовите на европскиот првак.
„Лекип“ пишува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек.
„Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека Барселона треба да добие околу 50 милиони евра. Конечниот износ на обештетувањето и бонусите во моментов се преговара.
Стрелецот на победничкиот гол во финалето на Светското првенство, влезе во последната година од договорот, Барселона не му понуди нов, бидејќи доколку го стореше тоа ќе мораше да му плати осум милиони евра на Манќестер Сити. Токму од овој тим, Феран Торес пред четири години пристигна во Барселона.
Foto/ Depositphotos
