Top Sport

Феран Торес ќе почека за преселба во Барселона

Барселона јавно го посака напаѓачот на Манчестер сити, Феран Торес, а шпанскиот репрезентативец сака да замине од Премиерлигата во јануари, но тешко е да се очекува дека договорот ќе биде комплетиран во јануари, тврди „Марка“.

Директорите на Барса, Матеу Алемани и Феран Ревертер викендов се во Манчестер во обид да го донесат Феран на позајмица во јануари, но Сити сака договор со обврска за купување, што Барса не може да го понуди поради ограничувањата на Ла лига за регистрацијата на играчи на каталонскиот клуб.

Затоа се очекува Торес да биде поставен на продажба во текот на летото, но Барселона ќе мора да плати барем 70 милиони евра за него.

Scroll to Top