Top Sport

„Братските“ најстари италијански клубови Удинезе и Џенова со реми без голови

Удинезе и Џенова одиграа 0:0 реми во дуелот на двата најстари италијански клубови, кои постојано оддржуваат пријателски односи и во кои играат двајца македонски фудбалери – Горан Пандев (влезе како замена) и Илија Несторовски (остана на клупата).

Удинезе го прослави својот 125. роденден, со што само Џенова, клуб кој е стар 128 години е постар клуб од нив, и тифозите во Удине го прославија тоа со заеднички транспарент на кој пишуваше: „Блиску во минатото, заедно во иднината“.

На теренот, Џенова на Андриј Шевченко треба да биде задоволна со ремито, негов прв поен од седнувањето на клупата на Грифоне, со кој остануваат на 18. место во Серија А со само 10 поени, еден зад Специја, додека Удинезе се на 14. место со 15 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top