Top Sport

Феран Торес се заразил со коронавирусот

Барселона, вчера, официјално го претстави Феран Торес, а неколу часа по промоцијата објави дека фудбалерот е позитивен на коронавирусот. Покрај Торес, позитивен тест добил и Педри.

Барселона, покрај Рајо Ваљекано има најмногу заразени фудбалери со коронавирусот. Тренерот Чави, пред два дена не успеа да ја убеди Ла Лига да го одложи дуелот со Мајорка. На крајот дуелот се одигра и заврши со победа на Каталонците.

Феран Торес, во Барселона се пресели од Манчестер сити. Клубот ќе издвои 55.000.000 евра на четири рати за овој трансфер.

Scroll to Top