Чиро Ферари и Алесио Такинарди, двајцата фудбалери кои ја освоија титулата од Лигата на шампиони во 1996 со Јувентус вели дека поранешниот тимски менаџер на Ајакс, Давид Енд треба да биде засрамен откако ги обвини за допингување.
Енд изјави дека четврт-финалето од Лигата на шампионите е совршена шанса за одмазда за контроверзниот меч во 1996 година.
„Тогаш во Рим игравме против тим на Јувентус кој подоцна се откри дека бил малку допингуван, но никој не ја знае вистината“, изјави Енд.
Такинарди, кој играше во тоа финале е шокиран.
„Ги слушнав тие изјави на толку познатиот Давид Енд и можам само да му кажам дека треба да се срами. И во Ајакс исто така. Тој тим работеше напорно од првиот ден на тренинзите за да се донесе Лигата на шампионите во Торино и го остваривме тој сон. Ова треба да биде мотивација да ги елиминираме Ајакс повторно. Срамота!“, вели Такинарди.
Неговиот соиграч Ферара вели дека Енд го правел истото со Ајакс во 1996 година.
„Сакам да посочам дека тој Енд ни помогна да победиме тогаш. Неколку дена пред финалето тренерот Луис ван Гал го прашаа кој ќе ја освои ЛШ и тој одговори: ’Не знам, но трофејот доаѓа со нас во авионот’. Па човекот одговорен за комуникации во тимот, тој славниот Енд, требаше да знае дека со тоа само ќе не мотивираат“, изјави Ферара.
„Сакаме одмазда за финалето во 1996, играчите на Јуве тогаш беа под допинг“